Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведено едно лице
Вчера (01.02.2023), полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ц.(27) од село Ботун, општина Дебрца.
При претрес во дом во Охрид, каде привремено престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 02.02.2023 / МВР