09/11/2024
Охрид

Претрес во Охрид, пронајдена муниција, приведено едно лице

На 23.03.2023 во 15:50 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, со наредба од Основен суд Охрид, извршиле претрес во дом и други помошни простории на А.М.(51) од Охрид.

При претресот била пронајдена и одземена муниција, која неовластено ја поседувал.

Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 24.03.2023 / СВР Охрид