28/04/2024
Струга

Претрес во струшко Лабуништа, пронајдена дрога

На 13.12.2023 во 13:45 часот во струшкото село Лабуништа, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Н.Ш.(26) од селото.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 14.12.2023 / МВР