28/04/2024
Охрид

Превентивна активност на СВР Охрид

На подрачјето на СВР Охрид, поточно во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ во Охрид и во ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево и денеска (26.12.) продолжија едукативните работилници со ученици од прва година на тема „Петарди НЕ, безбедност пред се“ што и во текот на изминатиот период од страна на Отсекот за превенција во соработка со Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија Скопје беа интензивирани, се со цел превенција и спречување на употребата на петарди и други пиротехнички средства.

Особено во поглед од опасностите што може да предизвикаат тешки телесни повреди, траен инвалидитет и големи материјални штети, што пак повлекува и соодветни законските имликации почнувајќи од набавување, продажба и активирање на петарди и други пиротехнички средства, што можат да подлежат како на прекршочно така и на кривично пријавување од страна на надлежните институции, односно полицијата.