29/04/2024
Охрид

Превентивни активности на СВР Охрид

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот Охрид во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, денеска (28.09.) на подрачјето на Охрид спроведоа сообраќајно едукативна активност под мотото „Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“. Притоа на учесниците во сообраќајот им беше укажувано дека користењето на мобилен телефон додека се управува моторно возило е ризично и опасно и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Напоредно со ова, денеска и во централното градско подрачје во Охрид од страна на полициски службеници од ПС од ОН Охрид беше спроведена превентивна активност за заштита од имотни деликти, при што на граѓаните, првенствено на постарите категории и на пензионери, како најризична група по однос на овие кривични дела – особено на разните облици на измами, им беше укажувано како да ги препознаат тие видови имотен криминал, како да се заштитат, и навремено да пријават на полицискиот телефонски број 192 или 112. На граѓаните им беа делени и печатени материјали со информативна содржина.

На истата тема – превенција од имотни деликти – превентивна активност беше реализирана и во Кичево од страна на полициски службеници од ПС од ОН Кичево, додека во ПС од ОН Струга, исто така денеска, беше одржана работна средба на полициските службеници со претставници на месни заедници на подрачјето на општина Струга, а во врска со мерките и активностите за заштита од пожари на отворен простор. На крајот од средбата од страна на полициските службеници беа поделени и едукативно-информативни печатени материјали изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.