28/04/2024
Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани,

Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, на сите припадници на бошњачката етничка заедница да им го честитам 28 Септември ‒ Меѓународниот ден на Бошњаците и најискрено да посакам денешниот ден да го поминат во добро расположение, исполнети со радост, среќа и бериќет.

Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно, мултирелигиозно и мултиетничко општество и со останатите заедници суштински придонесува за напредок и развој на нашата татковина. Преку празнувањето на 28 Септември уште еднаш упатуваме порака за заедништво и сплотеност. Со почитувањето и споделувањето на културните различности и традиции сме поблиску до остварувањето на нашата заедничка цел ‒ демократска, просперитетна, развиена Република Северна Македонија.

Нека ни е честит празникот.