06/10/2024
Македонија

Примена закана за поставенa експлозивнa направa на Меѓународниот Аеродром Скопје

„Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa.

Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот.

Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред.” – информираат од ТАВ Македонија.


WebOhrid / 16.12.2022 / ТАВ Македонија