03/05/2024
Македонија

Завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје, станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа

Единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која беше примена утрово.

„Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово.

Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред.“ – информираат од ТАВ Македонија.


WebOhrid / 16.12.2022 / ТАВ Македонија