28/04/2024
Охрид

„Урбана уметност“ во Охрид

Со поддршка на Општина Охрид, а во организација на Младинскиот локален совет и  Културолошката иницијатива „5 до 12“ се реализира проектот „Урбана уметност”.  Во рамки на активностите  изработен е мурал, на ѕидовите на спортската сала од  ОСУ „Св. Климент Охридски“. 

Голема благодарност до ОСУ „Св. Климент Охридски“ за тоа што ни овозможија да го реализираме овој мурал.

Автори на муралот се  професорите  Жанета Стаиќ, Филип Гугоски и Михаил Јанески. Проектот „Урбана уметност“ е дел од Програмата за млади и невладини организации на Општина Охрид за 2022 година.


WebOhrid / 16.12.2022 / Општина Охрид