26/04/2024
Охрид

Притворен охриѓанец, полицијата му одзела марихуана и масло од канабис

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.А.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 18.08.2020, при претрес во домот и помошните простории и во неговиот патнички автомобил „цитроен берлинго“, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и масло од растението канабис. На Џ.А. му е одредена мерка притвор.