26/04/2024
Македонија

Приведен дилер на кокаин

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.М. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Врз основа на судска наредба, на 21.06.2018 година полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени две полиетиленски пакувања со наркотична дрога кокаин со маса од 161 грам, дигитална вага, 22 банкноти во апоени од по 50 евра, два мобилни телефони марка со СИМ картички и уште една СИМ картичка. 

Пријавениот, во текот на јуни 2018 година во повеќе наврати остварил патувања во Косово, од каде набавил кокаин, кој го пренел во Република Македонија заради понатамошна продажба.

Од страна на Судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.