27/04/2024
Охрид

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

На 29.12.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.А.(23) од Битола, со привремен престој во Охрид.

При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.