27/04/2024
Охрид

Приведен охриѓанец кај кого е пронајдена дрога

На 09.04.2021 во периодот од 12:55 до 13:55 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Охрид, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Охрид, извршен е претрес во дом и други простории кои ги користи М.А.(30) од Охрид.

При претресот се пронајдени и одземени 11 најлонски пакувања со кокаин.

М.А. е лишен од слобода и приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.