06/12/2024
Македонија

Приведен прилепчанец за мачење животни

На 29 август во 19,00 часот во Полициска станица Прилеп лице од Прилеп пријавило дека околу 16,30 часот непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад во Прилеп. Истиот истурил црвена боја врз куче и започнал да го влече за едната нога. По пријавување на настанот изезено е на местото на настанот каде што е извршен увид. По преземени мерки полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп од слобода го лишиле М.М.(56) од Прилеп. Со лицето е извршен разговор, по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “мачење животни” казниво по член 233 од Кривичниот законик на РМ.