28/04/2024
Струга

Приведен жител од Радолишта кај кого била најдена дрога

На 19.09.2019 во 15:45 часот во Полициска станица Струга бил приведен М.М. од с.Радолишта, струшко. На место викано „Радолишка Краста“ полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, што го управувал М.М., при што пронашле и одзеле марихуана.

Притоа, М.М. се обидел да избега, но паднал и се повредил, по што бил приведен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.