Приведена Австралијка поради непристојно однесување во угостителски објект во Охрид

На 24.06.2019 година околу 18 часот и 30 минути, во угостителски објект лоциран на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со непристојно однесување извршено од Е.С.М.(33) од Перт-Австралија. Таа е приведена во СВР Охрид.

Против неа, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.