11/11/2024
Македонија

Приведени двајца криумчари на мигранти

На 02.07.2022 во 19.00 часот на место викано „Клисура“ на автопатот А1, во близина на Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода од С.Р.(22) од с.Брест, општина Чучер Сандево и Е.Ј.(25) од с.Арачиново. При преглед во возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р., а сопатник бил Е.Ј., биле пронајдени 14 лица-мигранти (по 6 лица од Сирија и Пакистан и 2 лица од Авганистан).

Претходно, во 18.30 часот, на автопатот А1 во правец од Прдејци кон Демир Капија, возилото не застанало на знак за запирање од полициски службеници, а кога било запрено возачот, совозачот и мигрантите се обиделе да избегаат, но биле спречени и лишени од слобода.

С.Р. и Е.Ј. биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.