26/04/2024
Охрид

Промоција на двојазичната книга „Соѕвездие” во НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид

На 5 јули 2018 година (четврток) во 19:00 часот ќе се одржи промоција на двојазичната книга “Соѕвездие” / “Сазвежђе” во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид.

Издавачи на книгата се Културниот центар “Бран” од Струга и Клубот на писателите “Седумка” од Франкфурт на Мајна, Германија.

Воведничари ќе бидат Петко Шипинкаровски и Љубиша Симиќ.

Промотор е Проф. др. Христо Петрески, а модератор – Тоде Илиевски.