29/04/2024
Охрид

Промоција на книгата „За Македонистиката отворено“

Во рамки на  прославите по повод 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба  овој петок  во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12:00ч. ќе се одржи промоција на книгата  „За Македонистиката отворено“  од Свето Стаменов  и Димитар Пандев.

„За македонистиката отворено“, книга 1 , содржи  21 радио разговор емитуван во периодот од 19 ноември  2016 година до 14 февруари 2022  година во авторскиот проект  Quo vadis и во  редовната  саботна  програма  Радио Спектар на  Македонското Радио. Во трудот  се опфатени разговори за Крсте Петков Мисирков  и неговата книга „За македонцките работи“, за Свети Климент Охридски, за Блаже Конески, за Григор Прличев, за Белите Мугри  на Кочо Рацин, за македонистичките  јубилеи , за најновото  издание на Правописот, за Законот за јазиците , за најновата  бугарска антимакедонска кампања која го негира и постоењето на македонскиот јазик, за предизвиците  пред кои е исправен нашиот македонски јазик.

Содржината на книгата е сместена на 360 страни, а рецизенти се поранешниот словенечки амбасадор проф. д-р Милан Јазбец и доц. д-р  Бобан Карапејовски.

Издавач на книгата „За маекдонистиката отворено“ е Општина Охрид.


WebOhrid / 18.10.2023 / Општина Охрид