08/05/2024
Охрид

Промоција на првиот видео запис на бендот “Броз“ во ШИЛА

Оваа среда, 26. септември од 21:00 часот во кафѐ и бар „Шила“ ќе се одржи промоција на првиот видео запис на младиот охридски бенд “Броз“ за песната “Каде ми си ти“. Спотот е дело на охриѓанецот Кристијан Љушев и е реализиран во соработка со Ансамбл “Билјана“.

Бендот Броз постои повеќе од една година , но во оваа формација од мај месец. Членови се Владимир Сарафилоски, Климент Наневски, Александар Трифуноски и Христијан Томевски.

“Свириме македонска евергрин музика, забавна и нај познатите екс-ју хитови, со кратки зборови свириме сѐ што е добро.“ – велат од бендот и изразуваат голема благодарност до сите спонзори и пријатели без кои немаше да се реализира ова дело.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културно-уметнички случувања организирани во „Шила“ – концептуалниот бар и кафѐ во срцето на охридската чаршија кој прераснува во вистинска алтернативна арт-сцена во Охрид. Отворени за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма, од „Шила“ ги охрабруваат креативците да ги контактираат за промоција на своето дело.

Во продолжение линк од настанот и напомена да се резервира место на време.

https://www.facebook.com/events/304491130336741/