27/04/2024
Охрид

Пронајден е починат жител од Велгошти на планински појас кај месноста „Бегутинец“

На 15.01.2022 година во 11.50 часот во СВР Охрид пријавено е дека во планински појас кај месноста „Бегутинец,“ во близина на селото Велгошти, пронајден е починат Н.Т.(54) од истото село. Од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство, а увид извршија полициски екипи во координација со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.