Пронајден починат маж во близина на реката Сатеска
Вчера околу 10:30 часот на стариот пат Охрид-Струга, во близина на река Сатеска, било пронајдено непознато починато машко лице. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и притоа било констатирано дека се работи за лицето Д.С.(60) од Охрид, кој на 07.02.2018 година бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга Н.С. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.