Пронајдена дрога кај скопјанец во возило и во својот стан во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Г.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.

Тој, на 24 и 25.11.2020, во својот стан во Струга, а потоа и во патничко возило, негова сопственост, на три лица им овозможил употреба на амфетамин и марихуана.