Пронајдена дрога кај жител од Драслајца

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Л.(19) од с.Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 28.01.2020 на ул,,Маршал Тито“ во Струга полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мицубиши“, управувано од Д.М. од с.Драслајца, каде како сопатник бил Д.Л., при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.