Пронајдена дрога кај жител од струшкото село Шум

На 05.01.2020 во 22.40 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Е.А.(36) од с.Шум, струшко, за тоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица, а подоцна, на 06.01.2021 во периодот од 00.30 до 01.30 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде престојува, при што била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.