29/04/2024
Охрид

Пронајдена и одземена марихуана во авто-кампот Љубаништа

На 24.08.2023 околу 17:00 часот во авто камп Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршија преглед на К.С.(21), Д.С.(21) и Ф.К.(30), сите од Охрид, како и во шаторот во кој престојуваат, при што во близина на шаторот била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


WebOhrid / 25.08.2023 / СВР Охрид