29/04/2024
Охрид

Петто издание на Балканскиот камп за млади „Ванчо Николески“

Заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски ги поздрави учесниците и организаторите на Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“  кој се одржува петта година по ред.

Организаторот на овој  поетски собир е Друштвото за култура и литература „Мацково“ со поддршка на Општина Охрид.

Со младите учесници на кампот од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и од Црна Гора, ќе работат истакнати поетски автори. Манифестацијата ќе трае до сабота, 26-ти август и ќе се одржува во Охрид, Струга, Вевчани, Белчишта и во Црвена Вода.

Поетските работилници, годинава, ќе ги води проф. д-р Милутин Ѓуричковиќ, истакнат српски поет, идеен творец, основач, сега претседател на Институтот за детска литература во Белград, член на Европската академија на науките и уметностите.

Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО.


WebOhrid / 25.08.2023 / Општина Охрид