25/04/2024
Македонија

Пронајдени две лица кои заталкале на планината Баба над Битола

Тимот за спасување во планини на Дирекцијата за заштита и спасување ги пронајде двете лица кои се изгубија на планината Баба над Битола и тие се во добра состојба.

Двајцата се изгубиле вчера попладне, кога телефонски пријавиле дека се дезориентирани и дека заталкале далеку од пешачката патека која води кон врвот Неолица.

Тимот за спасување започна голема потрага, а и покрај тоа што батериите на телефоните на изгубените лица биле целосно испразнети, тие се лоцирани и спасени.