Прослава во Рамне за празникот Илинден

По повод претстојниот македонски верски празник Илинден и патронот на село Рамне Св. Пророк Илија на ден 01.08.2021год. (Недела) со почеток во 20:00 часот се организира голема општонародна прослава!

Вечерта ќе ја разубават нашите најубави играорци од Ф.А. ,,Бисери,, – Охрид.

За веселбата уште да биде позабавна тука се и најдобрите момци од Император Бенд, кои ќе ви пружат загарантирана, незаборавна забава!

Браќа и сестри македонци, каде и да сте, за Илинден Рамне да сте!

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ во поголем број заедно да го прославиме овој наш голем и значаен македонски празник!!!

Да се почитуваат мерките од протоколот за КОВИД-19!

 Иницијативен одбор Св. Пророк Илија с. Рамне