26/04/2024
Македонија

Прв форум за одржливи пракси на живеење во Европа

Институтот за јавно здравје на РМ е партнер во конзорциумот на институции здружени во спроведување на проектот INHERIT. INHERIT е проект финансиран од програмата Хоризонт 2020 на Европската Унија и е насочен кон истражување и утврдување на методологии и пракси за поодржливо живеење во Европа во иднина.

Задоволство ни е да го промовираме првиот форум за одржливи пракси на живеење во Европа, кој ќе се одржи во Виена, на 21. ноември 2018 година.

Правејќи го нашиот живот поодржлив, преку адаптирање кон одржливо живеење, движење и консумирање, веројатно е најголемиот личен и општествен предизвик на 21. век.  Овој предизвик е лајтмотив на #InheritYourFuture Forum кој ќе се одржи во MuseumsQuartier во Виена. Форумот ќе биде прилика за средба на креатори на политики, професионалци, бизнис-лидери, претприемачи и граѓани, и нивна можност да се вклучат во дискусија и да ги скицираат чекорите кои треба да се направат кон создавање на поодржливи општества. Пред нив ќе бидат претставени и инспирирачки примери на конкретни акции од цела Европа. Таквите примери може да ги охрабрат луѓето да живеат и да се однесуваат во насока на промоција на одржливоста.

Учесниците на оваа еднодневна конференција ќе може да разгледаат четири идни позитивни сценарија за поодржлива Европа до 2040 година. Сценаријата се создадени во рамки на проектот INHERIT. Исто така, ќе може да ја видат „мапата на движење“ во однос на политиките кои се потребни да се спроведат за да се оствари одржливост во полињата на активност на INHERIT, односно во „живеење“, „движење“ и „консумирање“. INHERIT, во текот на последните две години,  ги истражуваше и ги поврза ветувачките пракси и иницијативи низ Европа и ги одбра најконструктивните елементи од сите нив за да креира сопствени 4 идни сценарија. Тие сценарија се замислени како поттик за граѓаните да прифатат колку што е можно поодржливи стилови на живеење.

Сите информации за настанот, како и можноста за пријава, ги има на: https://inherit.eu/inherit-your-future-forum-2018/