21/05/2024
Охрид

Прво место за ученик од ОУ„Христо Узунов“ на Меѓународната олимпијада по експериментална физика ЕРО 7

На 7.12.2019 година се одржа седмата по ред Меѓународна олимпијада по експериментална физика ЕРО 7.Годинава домаќин на Олимпијадата беше нашата држава,односно, истата се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

ОУ „Христо Узунов-Охрид“, на Олимпијадата зеде учество со следните ученици: Ивона Тасеска,Атина Рувинова,Марија Зороска и Борче Исакоски,под менторство на наставничката Вера Зороска .

Учениците се натпреваруваа во својата возрасна група,односно во категорија Ѕ.

Со оглед на тежината на задачата и нивото на знаења и умеења што треба да ги поседува ученикот при нејзино решавање, огромна е среќата, гордоста и задоволството од освоеното ПРВО МЕСТО од страна на ученикот Борче Исакоски.

Ова е уште еден доказ дека вложенот труд и посветеноста резултираат со врвни резултати!

На Олимпијадата учествуваа ученици од повеќе држави од регионот и подалеку!