18/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од еден месец граѓаните се без вода на улицата „Абас Емин“ и другите краци од улиците кои ја сечат

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во врска со постојаните проблеми со водоснабдувањете и дефектите на улицата „Абас Емин“.

„Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески во време на КОВИД-19 криза граѓаните ги остава без вода.

Власта повеќе од еден месец ги остава секојдневно граѓаните без вода поради дефектите на улицата „Абас Емин“ и другите краци од улиците кои ја сечат. Исто така не можат нормално да функционираат ниту вработените во продавниците, ниту останатите правни субјекти во тој дел од градот.

Иако досега требаше да завршат градежните работи сепак тие не се завршени како што ветуваше власта.

ЈП „Водовод“ – Охрид и директорот Светозар Стефановиќ треба да понесат одговорност за честите дефекти во водоснабдувањето.

Граѓаните повеќе немаат трпение затоа надлежните што побрзо да ги отстранат дефектите.

Со власта на СДСМ има само проблеми за охриѓани и нема никакви градежни и инфраструктурни проекти за Охрид.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.