28/04/2024
Спорт

Пуштени во продажба билетите за мечот Италија – Македонија на Олимпико во Рим

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Италија – Македонија од квалификациите за ЕП 2024 кој ќе се одигра на 17. ноември 2023 на стадионот „Олимпико“ во Рим се пуштени во продажба.

Билетите за секторот од стадионот наменет за навивачи на македонската репрезентација чинат 23,50 Евра за возрасни лица и 12,00 евра за лица под 18 години. 

Билетите можат да се купуваат до 10. ноември на линкот во продолжение: 

https://figc.vivaticket.it/en/event/qualificazioni-euro-2024-roma-italia-macedonia-del-nord-guests/221609

Важни информации за навивачите / поддржувачите на македонската репрезентација кои ќе го следат во живо натпреварот на стадионот „Олимпико“ во Рим на 17. ноември. 

Пристапот до стадионот е дозволен само со приложување на билет + лична карта / пасош. Билетите се персонализирани, затоа податоците на билетите мора да одговараат со податоците од личната карта или пасошот. Доколку тоа не се случи, пристапот до стадионот ќе биде забранет. За таа цел, ги замолуваме сите поддржувачи / навивачи да понесат со себе валидна лична карта или пасош. 

Постапката за влегување на стадионот е поделена во три чекори:

1. Проверка на билет + лична карта / пасош

2. Претрес на тело и торба (извршено од стјуарди / полиција)

3. Скенирање на билетот 

Сите навивачи кои присуствуваат на натпреварот мора да ги почитуваат правилата на стадионот (Ground Rules_Olimpico.pdf )

Во продолжение, мапа на стадионот со означен сектор за навивачите / поддржувачите на македонската репрезентација (52A, 52 B, 51 AS, 51 B, 51 AD, 50 AS, 50 B, 50 AD).


WebOhrid / 26.10.2023 / ФФМ