26/04/2024
Струга

Работен состанок со комесарите за безбедност од втората Македонска фудбалска лига-Запад од фудбалските клубови во општина Струга

Полициската станица од Струга, деновиве иницираше работен состанок со комесарите за безбедност од втората Македонска фудбалска лига-Запад од фудбалските клубови во општина Струга.

Состанокот беше дел од превентивниот проект „За спортот заедно“ а целта беше превенција на насилството на спортските терени и постигнување договор за превземање на сите безбедносни мерки во врска со одигрувањето на натпреварите во претстојниот пролетен дел од фудбалското првенство.

Полициските службеници ја нагласија потребата од неопходно координирање на меѓусебни активности насочени кон воспоста- вување систем на одговорност на сите субјекти кои директно или инидректно влијаат на квалитетот на одржувањето на спортскиот настан, одржување на висок степен на безбедност и на јавниот ред и мир, пред, за време и по спортските натпревари, спречување на инциденти и насилство на спортските терени и елиминирање на сите можности за злоупотреба на спортските натпревари.

Посебно беше потенцирана доследноста на полициските службеници за навремено преземање мерки за сузбивање на сите елементи на насилничко и деликвентно однесување на спортски натпревари од поединци или групи и доследна примена на законските одредби и полициските овластувања.

Заеднички беше заклучокот дека е потребно интензивно меѓусебно информирање за одредени безбедносни појави поврзани со спортските натпревари и заедничка посветеност за подигнување на безбедносната култура кај навивачите и навивачките групи во спортот.