Работилница за финансиска поддршка на ЕУ на локално ниво

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски претпладнево во големата општинска сала  присуствуваше на работилница за механизмите на финансиска поддршка на ЕУ „ЕУ за ТЕБЕ“ што ја организира делегацијата на унијата во Македонија.

Целта  на средбата на која презентација одржа  раководителот за соработка при Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини беше локалните власти, граѓански организации, асоцијации, земјоделци и бизнисмени подобро да се запознаат со актуелните можности за финансирање на локално ниво.

Во  своето излагање Бертолини посебен акцент стави  на можностите за финансиска поддршка на локални проекти ИПА 1 и ИПА 2 во следните три години.

Во рамки на работилницата  присутните кои беа во голем број  упатуваа  прашања и ги запознаваа претставниците на Делегацијата на ЕУ  со предизвиците и ограничувањата со кои се соочуваат на локално ниво.

Во рамки на настанот се одржа работна сесија со работни групи, а ќе бидат презентирани и заклучоците и резултатите од секоја група.