26/04/2024
Македонија

Работилница за изработка на стратегија на Царинската управа како и стратегија за обуки

Во рамките на Твининг проектот „Зајакнување на оперативните и институционалните капацитети на Царинската управа“ во периодот од 6-10 ноември 2017 г. во Скопје, се одржува правата работилница за Изработка на Стратегија на Царинската управа како и Стратегија за обуки.

Работилницата е предводена од високи експерти за стратешко планирање од Австрија – Г-дин Прашак Михаел (PRASCHAK Michael) – заменик менаџер, канцеларија на генералниот директор на Царината на Австрија; од Финска – г-ѓа Рита Паланен (Riitta Kirsti Helena Paalanen), директор на обуки на Финската царина (Царинско училиште) и од Словенија – г-дин Бране Грегорич, шеф на канцеларијата на генералниот директор на Финансиската администрација на Словенија.

Според предвидениот дневен ред, преку размена на искуства и добра практика, експертите за стратешко планирањe ќе одржат Презентација на организацијата на царините во нивните земји, со посебен акцент на стратешкото планирање и аналитичките алатки кои се користат при следење на успешноста на стратегијата. Исто така, презентирани ќе бидат и клучните индикатори на перформанси и нивната корист при донесување на одлуки; дискутирани ќе бидат и методи за развојот на основните вредности и препораки за понатамошно подобрување.

Во оваа работилница се предвидува учество на лица од повеќе сектори во Царинската управа, кои се очекува да дадат придонес кон изготвувањето на Стратегијата на Царинската управа 2018-2020