21/06/2024
Охрид

Разбојничка кражба во куќа во Велгошти

Во периодот од 22:00 часот на 07.01.2018 до 01:00 часот на 08.01.2018 година, во куќа на ул. „Манастирска“ во с.Велгошти, охридско, сопственост на М.Л., непознат маскиран сторител извршил разбојничка кражба.

Сторителот со подесен алат влегол во куќата и во моментот кога бил во спалната соба бил затекнат од сопственичката М.Л.. Во тој момент сторителот ја нападнал М.Л.. Тој ја влечел за коса и и упатувал закани. Откако успел да стави неколку предмети по џебовите побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.