28/04/2024
Охрид

РЦСОО „Ванчо Питошески“ домаќин на Меѓународниот натпревар ГАТУС 2023

Регионaлниот центар за средно стручно образование „Ванчо Питошески“ – Охрид, е почестен, во терминот од 28 септември до 1 октомви, годинава, да биде домаќин на единаесеттиот по ред, Меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS – 2023), од земјите настанати од поранешната југословенска федерација.

Тоа се вкупно 15 училишта од местата: Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Опатија, Осиек и Сплит (Хрватска), Бања Лука и Предор (Босна и Херцеговина – Република Серпска), Белград, Смедерево и Лесковац (Србија), Бар и Херцег Нови (Црна Гора) и Охрид, Македински Брод (Република Македонија).

Ќе се натпреваруваат околу 200 учесници, во хотелот „Метропол – Белви“, на брегот на Охридското Езеро, каде ќе бидат и сместени, во дисциплините, угостителско послужување и подготовка на туристички аранжман, со посебен нагласок на планинскиот, рурален туризам.

Домаќините, на своите колеги и соученици, им подготвуваат изненадување со организиран разглед на најзначајните споменици на историјата и културата во старото градски јадро, манастирскиот комплекс „Свети Наум“ и локалитетот – наколно живеалиште „Залив на коските“.

Исто така, на гостите, со поздравни говори, ќе им се обратат претставник на Министерството за образование и наука, на локалната самоуправа од Охрид, како и директорот на РЦССО „Ванчо Питошески“, Марјан Радески.

На најдобрите и највештите учесници – ученици и ментори, ќе им бидат доделени златни, сребрени признанија.


WebOhrid / 26.09.2023 / РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид