27/04/2024
Охрид

Лишен од слобода охриѓанец кој се обидел да предизвика пожар во казино

На 25.09.2023 во 20:35 часот на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Р.(39) од Охрид.

Околу 20:20 часот во казино на истата улица тој се однесувал агресивно, истурил бензин и се обидел да предизвика пожар, но бил спречен од вработените и сопственикот.

Н.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 26.09.2023 / СВР Охрид