18/04/2024
Охрид

РЦСОО „Ванчо Питошески” учествуваше на меѓународен натпревар ГАТУС во Словенија

Во период од 29.09 до 02.10.2022 година РЦСОО „Ванчо Питошескиучествуваше на меѓународен натпревар ГАТУС во областа на угостителско-туристичка струка каде што настапуваа 12 екипи од бившите југословенски републики – Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кој се одржа во Ново Место – Словенија.

          Учениците освоија 2 сребрени и 1 бронзен медал во следните категории:

ГОТВАРСТВО
– Даниел Бутракоски
– Никита Мишевски
– Фикрет Шаќировски
ментор
: Војо Ангелоски

ПОСЛУЖУВАЊЕ
– Стефан Стојаноски
– Марко Настески
– Дамјан Макешоски
ментор
: Милена Илијевска

ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН
– Теона Талевска
– Ана Марија Мискоска
– Јована Капиданова
ментор
: Марија Ѓорѓиоска

Охрид ќе биде домаќин на следниот натпревар кој ќе се одржи во октомври 2023 година.


WebOhrid / 04.10.2022 / РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид