26/04/2024
Охрид

Реализирана „Мултикултурна визита“ во рамки на проектот „Низ една призма – сите сме исти“

Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ изминатите месеци интензивно работеше на проектот „Низ една призма- Сите сме исти“, кој беше е финансиран од Цивика Мобилитас и Швајцарската агенција за развој. Проектот се имплементираше на територијата на општина Охрид.

Денес се реализираше т.н. „Мулитикултурна Визита“ и, всушност, тoa беше финалната активност во рамките на проектот.

Низ спроведувањето на работилниците за мултикултурализам, мултикултурниот камп и толерантното кафе со над 200 средношколци, млади, студенти и претставници на политичките партии, се дека Охрид и охриѓани ова го можат. Активностите се организирааа со млади и амбициозни луѓе во кои навистина лежи иднината на нашето општество. Сите тие научија да ги развиваат лидерските капацитети, со цел унапредување на носечки иницијативи во насока на интеграција на заедниците. Станува збор за луѓе кои се свесни за позитивните аспекти на живеењето во мултикултурна средина и млади кои навистина работат на засилување на толеранцијата, препознавањето, разбирањето и важноста на заеднички културен дух.

Овој денешен финален настан беше прекрасна можност да се види дел од програмата на “Инклузија”, да се почувствуваат придобивките од заедничката дружба, како и да се да слушне музика од различни етнички заедници. Активноста се одвиваше со почитување на протоколите, за заштита од Ковид-19.