23/04/2024
Дебрца

Реализирани низа инфраструктурни проекти во општина Дебрца

Заложбата на Општина Дебрца е да се обезбеди подобар пристап до земјоделските површини.

За таа цел, во изминатиов период:

се тампонираше полскиот пат село Издеглавје-село Слатински Чифлик, во должина од 1400 метри,

во село Волино- извршено машинско пробивање, чистење и порамнување на полски патишта:

– местност „Аџица”, делница: од пат за село Ливада до пат за село Мороишта, во должина од 830 метри (чистење во двата правци);
– местност „Бучаљка”, по источна страна од каналот, делница: од мост на пат за село Мешеишта до мост на пат за село Требеништа, должина 1000 метри (чистење во двата правци);
– местност „Барски Пат”, делница: полски пат за “барски пат” и „в ливаѓе”, должина 800 метри (чистење во двата правци).

во село Требеништа – машинско пробивање, чистење и порамнување на полски патишта:

– по западна страна од каналот, делница: од „волински мост” до „требенишки мост”, должина 1600 метри (чистење во двата правци);
– по западна страна од каналот, делница: од „требенишки мост” до „горенички мост”, должина 1600 метри (чистење во двата правци);
– по источна страна од каналот, делница: од „требенишки мост” до „горенички мост”, должина 1600 метри (чистење во двата правци).