20/04/2024
ДебрцаОхрид

Ликовен и литературен конкурс на тема „Да им ја дадеме на децата земјината топка“

Во рамки на активностите посветени на 5ти jуни 2023, Светскиот ден на животната средина како една исклучително значајна определба, во насока на подигнување на свеста за хуманиот однос, заштита и чување на нашата „Мајка„- планетата Земја, на сите особености што ни даваат живот, потенцирајќи го нашиот Охрид и Охридското езеро, како светски заштитена вредност на УНЕСКО, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Да им ја дадеме на децата земјината топка“.

На конкурсот може да учествуваат учениците од основните училишта во општините Охрид и Дебрца со поезија, проза и ликовна уметност. Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: ohrid@redcross.org.mk најдоцна до 31 мај 2023 година. Доставените творби ќе ги разгледува и оценува комисија и наградените творци по категории: прво до петто одделение и шесто до деветто одделение, ќе се објават на 05 јуни 2023 година, а ќе се доделат свечено на 5 јуни 2023 година.

Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.


WebOhrid / 04.05.2023 / Црвен крст Охрид