18/05/2024
Македонија

Регистрирани 159 нови случаи на ковид 19, починати сe 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-25, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-9, Струга-15, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-22, Гевгелија-5, Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-4, Кичево-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-27, Куманово-1, Дебар-3, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Гостивар-9, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Кичево-13, Неготино-2.

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од  Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458,  бројката на оздравени пациенти е 10052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843. Денеска се евидентираат девет (9) контролни тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 5615, активни 829
  • Куманово 1355, активни 317
  • Дебар 237, активни 74
  • Штип 1100, активни 251
  • Прилеп 391, активни 57
  • Тетово 1180, активни 168
  • Струга 544, активни 150
  • Велес 253, активни 29
  • Битола 188, активни 49
  • Охрид 324, активни 67
  • Кавадарци 168, активни 99
  • Гостивар 722, активни 310
  • Гевгелија 39, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
  • Струмица 56, активни 21
  • Крива Паланка 35, активни 10
  • Радовиш 39, активни 10
  • Крушево 16, активни 0
  • Кочани 132, активни 30
  • Пробиштип 73, активни 18
  • Демир Хисар 60, активни 30
  • Македонски Брод 65, активни 35
  • Пехчево 9, активни 3
  • Берово 34, активни 25
  • Валандово 7, активни 0
  • Виница 63, активни 42
  • Делчево 27, активни 22 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 16, активни 2
  • Свети Николе 269, активни 60
  • Кичево 257, активни 103
  • Ресен 146, активни 1
  • Неготино 38, активни 10 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1733 теста се преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-210,  Биотек-320, МАНУ -88, Жан Митрев (Филип Втори)-251, Систина со PCR метода -172, лабораторија Лаор – 56, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-9, ГАК-5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 114
  • Гази Баба – 100
  • Аеродром – 99
  • Карпош – 92
  • Центар – 81
  • Кисела Вода – 84
  • Ѓорче Петров – 63
  • Бутел – 61
  • Шуто Оризари – 36
  • Студеничани – 19
  • Сарај – 20
  • Арачиново – 15
  • Илинден – 12
  • Сопиште – 9
  • Чучер Сандево – 6
  • Петровец – 8
  • Зелениково – 4
  • Странец – 4
  • Нераспределен – 2