14/10/2024
Регион/Свет

Ретка конјункција на Јупитер и Сатурн

На 21 декември двете најголеми планети во нашиот сончев систем Јупитер и Сатурн, гледано од Земјата споени ќе изгледаат како двојно поголема планета.

Оваа ретка појава ќе може да се следи утревечер, еден час по зајдисонце, се разбира доколку временските услови го дозволат тоа, односно доколку е ведро.

Овој „спектакл“ е навистина редок. Последен пат оваа конјункција е забележана пред околу 800 години, во далечната 1226 година. Следно ќе биде на 15 март 2080 година, а после тоа дури во 2400 година. 

Приближувањето и порамнувањето на овие планети трае уште од летото, кога и се направени овие фотографии и видео (28.08.2020).

WebOhrid