27/04/2024
Македонија

Роберт Дандаров и Унгарецот Балог изложуваат во МЦ галеријата во Њујорк

Македонскиот уметник Ристо Дандаров и унгарскиот ликовен уметник Стевен Балог, од денес имаат две соло изложби претставени со заеднички наслов „Отров“ (Поисон), а изложени во МЦ центарот во Њујорк…

Двајцата уметници живеат во Њујорк, а во овој проект, како што велат од Македонскиот центар ги спојува заедничкиот бекграунд од земјите од каде што доаѓаат. Тие се сведоци на голем број немили настани кои се случуваа во Централна и Источна Европа, вклучувајќи ги и балканските територии. Нивната уметност, велат од МЦ галеријата ги одразува превирањата и насилството од нивните спомени, а се одраз и на моменталната токсична средина во која живееме.

Дондаров се претставува со избор на неодамнешни слики и фотографии. Балог е познат по својот мултидисциплинарен пристап во уметноста. Изложбата ќе биде отворена до 7 април.