17/04/2024
Охрид

Робин Шулц и Фед Ле Гранд со свои настапи на “Ohrid calling 2019”

Годинешното издание на “Ohrid calling”, ќе биде одбележано со настапите на Робин Шулц и Фед Ле Гранд, едни од најголемите уметници на електронската сцена, во светски рамки.

Фед Ле Гранд е роден на 07/09/1977 година во Утрехт, Холандија. Во 2006 година, неговиот сингл “Put your hands up for Detroit”, стигна меѓу топ 5 на холандската топ листа на 40 најдобри изданија, број еден во Велика Британија и помина 5 недели на врвот на шпанската топ листа.

DJ Magazine, британски месечен весник за електронска музика, во 2007 година, го оцени како 22 најдобар ди – џеј на светот.

Робин Шулц, роден на 28/04/1987 е германски музичар, ди – џеј и музички продуцент. На 04/02/2014 година, тој го издаде првиот сингл од неговиот деби албум, ремикс на темата “Waves”, на холандскиот хип хоп артисти, Mr. Probz. Синглот беше номиниран за најдобар ремикс, на 57-мото издание на Греми наградите.

Ле Гранд ќе настапи на сцената на поранешната охридска касарна на 02/08, а Шулц два дена подоцна, на затворањето на фестивалот, на 04/08.

Според најавите на организаторите, “Авалон” продукција, годинава целокупната програма на “Ohrid calling 2019” се очекува да ја проследат најмалку 20.000 посетители од земјава и од странство.