23/04/2024
Охрид

Сајкоски: Во Охрид има голем одзив на граѓани кои даваат идеи за решавање на нивните проблеми

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, при денешната посета во Охрид изјави:

„На изминатите локални избори се обврзавме пред граѓаните дека заедно ќе ги градиме општините. Овие отворени денови се можност на граѓаните преку своите предлози, проекти и проблеми кои што ги имаат да ги вградиме и да ги решиме во идните буџети на општините.

Во Охрид гледаме дека има голем одзив на граѓани кои што се приклучија на оваа идеја за давање на свои предлози идеи за да можат да се решат клучни проблеми за подобрување на квалитетот на живот на луѓето од средините онаму од каде што доаѓаат.

Навистина изминатите 365 дена видовме дека се може поинаку, може да се сработи, може да се изгради, може да се реализираат проекти, може да се имаат идеи, тоа е пример за општина Охрид и од она кое што го видовме на политичкиот саем на општини покажа дека се реализирани голем број на проекти иако општината знаеме дека долг период нема средства и е блокирана.

На ваков начин заедно со граѓаните веруваме дека и кога ќе дојдеме централна власт ќе може да ги решаваме проблемите и нивните идеи и предлози да бидат вградени во идните буџети кои што ќе ги правиме.“ – изјави Сајкоски.


WebOhrid / 03.12.2022 / ВМРО-ДПМНЕ