28/04/2024
Охрид

Санкционирани 30 пешаци на подрачјето на СВР Охрид поради небезбедно преминување улица

На 21.03.2023 од 09.00 до 14:00 часот, при преземени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 30 пешаци кои сториле сообраќајни прекршоци (Охрид- 12, Струга-12, Кичево-04, Дебар-02).

Тие се санкционирани поради движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, небезбедно преминување на улица, преминување надвор од пешачки премин.


WebOhrid / 22.03.2024 / СВР Охрид / фото: архива