27/04/2024
Охрид

Утре на Градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи забавно-едукативен настан за Светскиот ден на водата и вредноста на Охридското Езеро

Денес е 22 март, Светски ден на вода. Овој ден се одбележува во светот со цел да се сврти вниманието за исклучителната важност на водата и водните ресурси. Водата е најважниот ресурс неопходен за живот на Земјата, но за жал, во многу земји во светот, питката вода не е достапна.

Иницијативата за одбележување на Светскиот ден на вода потекнала од Конференцијата на Обединетите нации за животната средина и одржлив развој, одржана 1992 година во Рио де Жанеиро. Генералното Собрание на ОН ја усвоило резолуцијата со која го одреди 22 март, секоја година, за Светски ден на вода.

Тема на овогодинешниот Светски ден на вода е ВОДА ЗА МИР.

– Водата може да создаде мир или да предизвика конфликт

– Кога водата е оскудна или загадена или кога луѓето имаат нееднаков пристап, или немаат пристап, тензиите меѓу заедниците и земјите можат да зголемат

– Повеќе од 3 милијарди луѓе ширум светот зависи од вода која ги преминува државните граници. Сепак, само 24 земји имаат спогодба за соработка за целата заедничка вода

– Како што се зголемува влијанието на климатските промени, а населението се зголемува, постои итна потреба, внатре и помеѓу земјите, да се обединат околу заштита и зачувување на нашиот најскапоцен ресурс.

– Јавното здравје и просперитетот, системите за исхрана и енергија, економска продуктивност и еколошки интегритет се потпираат на добро функционален циклус на вода со кој рамноправно се управува

– Кога соработуваме на вода, создаваме позитивен ефект на бранување-поттикнуваме хармонија, создаваме просперитет и градиме отпорност на заедничките предизвици

– Мораме да делуваме во согласност со сознанието дека вода не е само ресурс за користење и натпреварување-тоа е човечко право, суштински за секој аспект на животот

– На овој Светски ден на вода, сите мораме да се обединиме околу водата и да ја користиме водата за мир, поставувајќи темели за постабилно и просперитетно утре.

– Охридското езеро е еден од најголемите басени на питка вода во светот

СО СВОИТЕ ДЕЛА ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА ЈА ЦЕНИМЕ ВОДАТА!

ДА ЈА ЧУВАМЕ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ИЗВОРИТЕ НА ВОДА!

РАЦИОНАЛНО ДА ЈА КОРИСТИМЕ ВОДАТА!

ЛИЧНАТА И ОПШТАТА ХИГИЕНА СЕ ОСНОВА ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ!

Во рамки на одбележување на 22 март, Светскиот ден на вода, под мотото ВОДА ЗА МИР, Црвен крст Охрид и Центар за јавно здравје Охрид со поддршка на бројни еколошки и спортски здруженија и организации од Охрид и Албанија, на 23.03.2024 г., сабота, од 12 ч. на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски во Охрид ќе организира забавно-едукативен настан со цел да се истакне вредноста на Охридското езеро како најголем природен базен на питка вода што во услови на зголеменото влијание на климатските промени, зголемувањето на населението, наметнува итна потреба, внатре и помеѓу двете земји Албанија и С.Македонија, обединување и сериозен пристап околу заштита и зачувување на нашиот најскапоцен ресурс, Охридското езеро.

Преку бројни едукативни материјали, презентации и забавни перформанси ќе се потенцира на опасноста за Охридското езеро и неговиот екосистем, од евентуалното одржување на настанот светско првенство во трка со чамци формула 1, F1H2O чамци, најавено за јули 2024 г. на Охридското езеро во Поградец, Албанија.

И од овој настан сите заедно да упатиме силна порака и апел до населението и надлежните во двете држави за избегнување и спречување на настани и активности на Охридското езеро и во блиската негова околина, кои се опасност за живиот свет и ја нарушуваат природната рамнотежа.

Да се обединиме околу водата и ја користиме за мир, поставувајќи темели за стабилна и просперитетна иднина.


WebOhrid / 22.03.2024 / Центар за јавно здравје Охрид